Документарниот филм „Кобра” наскоро пред струшката публика

- Локални
894

Во големата сала при НУЦК „Браќа Миладиновци” – Струга на 04.10.2018 (четврток), со почеток во 19:00 часот ќе се прикажува документарниот филм „Кобра” (проекција на македонски јазик). Влезниците чинат 100 денари.

„Кобра” е документарен филм за подемите, падовите и големите успеси на легендата на боречкиот спорт Шабан Трстена, единствениот спортист од Македонија кој освоил олимписко злато. Поради непознати причини, неговите достигнувања никогаш не бил признаени од политичките авторитети и општеството.

Филмот имаше премиера во рамките на Скопски Филмски Фестивал оваа година, пред полна сала и проследена со силни емоции од страна на публиката.

На 5-ти октомври во истото време, документарниот филм “Кобра” ќе се прикажува на албански јазик .

Strugaonline

Facebook Коментари