Лев банер Десен банер

Oхридската библиотека одбележува 87 годишнината од раѓањето на поетот Блаже Тренески

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја продолжува практиката да одбележува значајни годишнини врзани со творештвото на роднокрајните автори.

Оваа и следната недела во библиотеката на пригоден начин ќе биде одбележана 87 годишнината од  раѓањето на поетот и собирач на народно творештво Блаже Тренески .

Блаже Тренески е роден на 12 октомври 1931 година во село Врбјани а почина на 1 мај 2015 во Охрид.

Во негова чест од среда (3 октомври) до петок (12 октомври) во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде поставена изложба на 12 книги – дела  од овој роднокраен автор кои заинтересираните ќе можат да ги погледаат и прочитаат.

Деновиве на официјалната веб страница и на ФБ страницата  на НУ Библиотека „Григор Прличев“  ќе  биде објавен преглед на неговото творештво.

Strugaonline

error: