Презентација на џудо-спортот во детската градинка 8-ми март „Сонце“

- Локални, Спорт
2003

По повод детската недела и денот наменет за спорт, под мотото „Секое дете има право да спортува“, Џудо-клубот „Дрим“ од Струга во градинката „Сонце“ пред најмалите дечиња со големи срца го презентираше џудото и сите придобивки кои би можеле да ги имаат децата доколку го одберат овој спорт.

„Се надевам дека со оваа презентација го донесовме џудо спортот до секое детенце и барем дел од нив ќе ни се придружат и ќе станат дел од најуспешните џудисти во ЏК ДРИМ СТРУГА“ – вели тренерот Ѓорѓи Стојанов.

Од самите фотографии може да се забележи позитивната атмосфера и дружење кое се случи вчера, а чија цел беше на забавен и за нивната возраст близок начин, дечињата да се запознаат со можностите на џудо-спортот.

Strugaonline

Facebook Коментари