Децата во Струга учат за хуманоста – подарија храна и облека за семејствата од социјален ризик

- Локални
1625
Во рамките на детската недела, децата и вработениете во градинките „Сонце“ и „Пеперутка“ во соработка со Црвен крст – Струга организираа хуманитарен ден кој што се одржува традиционално секоја година. На овој начин воспитувачките ги поттикнуваат децата да подаруваат облека,  играчки, храна и средства за хигиена за семејства со социјално загрозен статус во нашето општество.
Црвен крст-Струга денеска учествуваше во воспитниот процес каде децата се запознаа со улогата на Црвениот крст и хуманоста како основна вредност.
Децата уште од најрана возраст се едуцираат и учат колку е важна хуманоста и желбата да се помогне.
Strugaonline

Facebook Коментари