Целосна програма на фестивалот Drim Short 2018

- Локални
1170

Во петок во Струга започнува воторото издание на фестивалот „Drim Short“ 2018 .Отварањето е закажано за  17:30 часот, еден час подоцна ќе се одржи Мастер клас со режисерот Ѓорче Ставрески. Во 20:00 часот започнува националната програма во чии рамки ќе бидат прикажани кратките филмови : „Доаѓаат од центарот на светот“ во режија на Дина Дума, „Мишко“ во режија на Ханис Багашов, „Долорес“ во режија на Радован Петровиќ и „Почеток“ во режија на Агим Абдула. Во 21:10 часот ќе  започне регионалната програма со филмовите „O noapte in Tokoriki“ во режија на Роксана Строе и „Пупање“ во режија на Дора Шустиќ. Во 21:50 ќе започне студентската програма кога ќе бидат прикажани филмовите: „Тишина“ во режија на Батухан Ибрахим (ФДУ). „Red Ribbon“ во режија на Џовани Рустаното (ФИОФА) и „The Bar“ на режисерот Горан Томиќ (ФИОФА).

На фотографиите е испишана фестивалската програма и за преостанатите два фестивалски денови:

„Drim Short 2018“ во своето второ издание, поради големиот интерес го прошири доменот на својата програма, односно воведе и регионална програма. Во склоп на фестивалот Струга ќе биде домаќин на многу познавачи на филмот, режисери, актери и почитувачи на седмата уметност.

Strugaonline

Facebook Коментари