(видео) За 250 милиони години ќе се формира нов мега континент на Земјата. Погледнете го изгледот на Земјата во наредните 250 милиони години.

- Занимливо
766

За 250 милиони години ќе се формира нов мега континент наречен Амазија.Научниците предвидуваат дека поради движењето на тектонските плочи кои се спојуваат или раздвојуваат во циклуси од по повеќе стотина години,ќе се формира нов континент.

Истражувањето објавено од Nature е основано според теоријата за ортоверзија,според која континентите по распаѓањето на суперконтинентите, се оддалечуваат едни од други до моментот на повлекување на една тектонска плоча кон друга.

Ваквите промени се случуваат во текот на повеќе милиони години а научниците направија симулација во која се прикажува целиот процес. Според нив, Северна и Јужна Америка ќе станат еден континент додека Карипското море и Арктичкиот океан ќе исчезнат, Азија исто така ќе стане дел од двете Америки.

Последниот супер континент Пангеа се формирал пред 300 милиони години со Африка во неговиот центар. Почнал да се распаѓа на седум континенти околу 100 милиони години подоцна.Тогаш е создаден и Атланскиот океан.

Земјината површина се состои од седум големи и седум помали тектонски плочи кои се движат со брзина од неколку милиметри па до два сантиметри годишно, што е брзина на растот на еден човечки нокт. Меѓусебното триење на плочите доведува до земјотреси.

 

Facebook Коментари