Лев банер Десен банер

Teатарската претстава „Три прави, три опачани“ во недела во Охрид

Во недела, (14.10.2018) во Центарот за култура во Охрид ќе биде одиграна театарската претстава „Три прави, три опачани.“Претставата е во режија на Софија Ристевска Петрушева, а играат актерите Никола Пројчевски и Јасмина Петровска.

„Три прави, три опачни“, е сатиричен приказ на животот на обичниот, мал човек, којшто секојдневно се бори да преживее во ова наше општество, деформирано од либералниот капитализам. Невидливиот човек што развива различни стратегии за преживување е главниот протагонист во нашата претстава. Хаотичната политичка и општествена ситуација што не опкружува е коментирана од една иронична гледна точка, што дава дополнителен шарм и хумор на егзистенцијалните проблеми. Пројчевски во самата претстава игра неколку ликови, што самостојно се справуваат со битката за опстанок, и самостојно се трудат да ги реализираат своите желби за подобро утре. Во исто време овие ликови совршено се адаптираат кон суровата и нејасна реалност и стануваат комични и во исто време шармантни критичари на се она што се случува окулу нас. „Три прави, три опачни“, на еден навидум лесен и хумористичен начин, дискутира и опфаќа горки прашања, што не мачат сите нас, и портретира обични луѓе што се трудат да егзистираат во хаосот, и што уопрно и по никаква цена, не се откажуваат од своите соништа.

Strugaonline

error: