Вториот фестивалски ден од второто издание на фестивалот за краток филм Drim Short 2018 ќе започне денеска во 14:00 часот со студентски пичинг форум. Три часа подоцна ќе се одржи мастер-класот со еминентната косовска актерка Аурита Агуши, која меѓудругото, ќе го пренесе своето искуство како актер во кратките филмови.
Во 19:00 часот започнува националната програма во чии рамки ќе бидат прикажани филмовите: „Без љуов“ во режија на Дина Дума, „Црно бело“ во режија на Сандра Ѓоргиева, „Иднината е наша“ во режија на Андреј Георгиев и „Црни и Криви“ во режија на Марко Џамбазовски.
Регионалната програма започнува во 20:10 кога следуваат проекции на кратките филмови: „Trancizija“ во режија на Милица Томовиќ и „Prima Noapte“ во режија на Андреи Танасе.
Во склоп на студентската програма, од 21:00 часот ќе се прикажуваат филмовите: „Rose“ во режија на Јехона Бериша, „Уште едно кафе“ во режија на Ѓорѓи Лазов и „Заб“ во режија на Ајдин Ислами.
Oд 21:40 следува рубриката „Прашања и одговори“ каде што публиката ќе разговара со филмските автори, а од 23:00 часот следува забава и добра музика
Strugaonline
Facebook Коментари