На Саемот на книгата, Франкфурт, 2018, беа промовирани книгите, „Соѕвездие“ двојазична книга на македонски и српски писатели што ја издаде Културниот центар „Бран“ од Струга и Здружението на писатели „Седумка“ од Франкфурт на Мајна Германија. Потоа, беа промовирани, романот „Утринска молитва“ на Петко Шипинкаровски, поетската книга „Бегалци во својот дом“ на Стојановска и новиот број на Ревијата за книжевност „Бранувања“. Притоа, беше направен портрет на македонската поетеса Костадинка Коца Ѓорѓевска.
За време на повеќедневниот престој во Франкфурт, Шипинкаровски, Стојановска и Ѓорѓевска, во повеќе наврати, на саемот и на други места во Франкфурт, читаа поетски стихови од своето творештво.
Македонските писатели Шшипинкаровски, Стојановска и Ѓорѓевска на годинашниот саем на книгата во Франкфурт, Германија, учествуваа на покана на Здружението на писатели „Седумка“ и „Бран.
Македонските писатели Шипинкаровски, Стојановска и Ѓорѓевска го посетија и македонскиот штанд на Министерството за култура на Република Македонија.
П.Ш.
Strugaonline
Facebook Коментари