Во сабота (20-ти октомври) со почеток во 20:00 актерската екипа од Народен театар Охрид пред публиката ќе ја одигра претставата „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс,а во режија на Софија Ристевска Петрушева.
„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби“ – вели Софија Ристевска Петрушева.
Во оваа претстава играат:Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски
Билетите чинат 200 денари, а билетарата на театарот работи секој ден од 10:00 до 20:00 ч.
Strugaonline
Facebook Коментари