Квалификации за Европското првенство 2020 – Македонија во четврток игра против Турција

- Спорт
1274
Во четврток започнува новиот циклус квалификации за Европското првенство 2020 година во чии рамки Македонската ракометна репрезентација на домашен терен (во Битола) ќе се сретне со селекцијата на Турција. Освен првиот противник Турција, нашата репрезентација е во група и со Грција и Исланд.
Првиот тренинг за тој натпревар ќе се одржи денеска, нашите ракометари во Скопје ќе бидат до утре, а во среда патуваат за Битола. Се очекува салата „Боро Чурлевски“  да биде исполнета до последно место и нашите ракометари да добијат максимална поддршка од публиката.
По натпреварот со Турција, Македонија ќе и гостува на Грција, а тој натпревар се игра во недела во Кожани.
Strugaonline
фото: архива

Facebook Коментари