Шефот на кабинетот, Г-дин Дашмир Насуфи, заедно со Претседателот на Совет на Општина Струга, Г-дин Ресул Каба вчера ја пречекаа италијанската делегација во просториите на Општина Струга.
Во Струга престојува делегација составена од шест експерти од различни области (градежништво, здравство и опрема за болница, истражување и сл.) и одржуваат состаноци со цел консултации, преговори, размена на искуства за започнување на студија и за нова Општа болница во Струга.
Претседателот на Совет на Општина Струга и Шефот на кабинетот ги пречекаа и им се заблагодарија на претставниците на Меридионал Груп за овој ангажман. Тие ги презентираа капацитетите на градот Струга како туристичка дестинација, а потоа ја објаснија потребата за нова општа болница која ќе има и регионален карактер.
Потоа, претставниците на Општина Струга заедно со италијанската делегација ја посетија сегашната Општа болница.
Strugaonline
Фото: Општина Струга
Facebook Коментари