За сите љубители на фолклорната уметност, КУД „ИЛИНДЕН“ од Струга после редовниот упис што траеше до 1.11.2018 година, најавува аудиција за примање на нови членови кои веќе имаат играорно искуство.
„Повик до сите играорки и играорци, пејачи и музичари кои членувале и твореле кај нас или во некое друго друштво, еве шанса повторно да застанете заедно со нас на сцена, шанса повторно да патувате низ светот, шанса повторно да се дружиме и забавуваме, а притоа да го негуваме македонскиот фолклор и традиција.“ – велат од КУД ИЛИНДЕН.
Аудицијата ќе се одржи на 10-ти ноември (сабота) во 12:00 часот во Центарот за Култура во Струга. Право на пријавување имаат сите без ограничување на возраста.
Пријавување за аудицијата секој работен ден од 9:00 до 21:00 часот во Центарот за Култура во Струга.
Strugaonline
Facebook Коментари