Стружанецот Методија Столески освои награда за најдобар дебитант на „Филиграни 2018“

- Локални
1204

Младиот и надежен музичар од Струга, Методија Столески, ја освои наградата за најдобар дебитант на фестивалот „Филиграни 2018“.

Методија, на овогодинешните „Филиграни“ настапи со песната „Кај што гази ногата“  со текст на Огнен Неделковски, а музиката и аранжманот се авторско дело на Цане Петров.

Столески оваа година настапи на пет фестивали и на сите освои награди. За годинава  ова е негов последен фестивалски настап, но неговата кариера продолжува понатаму со многу работа и посветеност.

Strugaonline

 

Facebook Коментари