Време: Сончево со умерена облачност, кон крајот на денот слаб дожд

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, наутро со услови за слаба магла по котлините. Повеќе облачност ќе има во западните и јужните делови. Кон крајот на денот се можни слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Дневните температури ќе се движат во интервал од 5 до 21 степен. Утре ќе преовладува променливо облачно време, во јужните делови со слаб локален дожд и со дневна температура во интервал од 15 до 19 степени.
Извор: УХМР

