Нашиот Наумче Мојсоски по втор пат татко

Нашиот сограѓанин, ракометарот Наумче Мојсоски во вторникот втор пат стана татко. Веста дека сопругата Марија го родила нивниот втор син, Наумче ја објави на социјалната мрежа Facebook.
„Денес е среќен ден за нас. Дојде на свет нашето второ синче, нашата втора гордост, нашиот Стефан. И благодарам на храбрата мама, мојата Марија. Поздрав до сите од фамилија Мојсоски, напиша Мојсоски на Facebook.
Наумче и Марија веќе го имаат синот Кристијан кој наскоро ќе наполни четири години.

