Интерактивната детска претстава „Писмо некому“ наскоро во Охрид

- Локални
795

Во среда, (28-ми ноември) во малата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде одиграна интерактивната претстава за деца „Писмо некому“.

„-Писмо некому“ е интерактивна претстава за деца, базирана на приказните на познатиот холандски писател Тоон Телехен. Во неа се раскажува за осаменото китче, кое живее на крајот на светот, на работ на океанот, и затоа никогаш никој не го посетува. Китчето решава да го преплива океанот и да стигне до морскиот учител-албатросот за да научи да пишува, па да испрати писмо со кое ќе покани некого да му дојде во посета.
Претставата користи интерактивен пристап, хумор и музика, и на индиректен начин ги наведува децата да размислуваат за чувствата со кои се соочува секој кој е отфрлен и осамен. Истовремено ги ангажира заедно да пронајдат начин да му помогнат на нивниот нов пријател китот да биде помалку осамен.

Авторскиот концепт и режијата е на Милиана Ленак. Во претставата игра Сара Климоска од ЗГ Буден Театар Скопје. Музичари се Виктор Гајтановски и Елена Чадиковска, а претставата е наменета за деца над шест годишна возраст.

Влезот е слободен , а почетокот е закажан за во 10:00 часот.

Strugaonline

 

Facebook Коментари