Ракометарите на РК Струга на гостински терен ја совладаа екипата на Вардар Јуниор и овој натправар им донесе значајни три бода. Победата во рамките на 11-то коло од Суперлигата беше убедлива, со резултат 19:29 (6:15).
Нашите ракометари беа доминантни од самиот почеток, па поведоа со 7:0, таа доминација траеше цело прво полувреме, додека неефикасноста на противникот донесе одличен резултат за РК Струга (6:15).
Ниту второто полувреме не донесе изненадувања, и на добрата игра на противникот РК Струга возвраќаше брзо. Струга го поплочи патот до победата и со двоцифрена предност.
После овој натпревар, Струга ја задржува 6-та позиција на табелата во македонскиот шампионат, а Вардар Јуниор ќе остане на 8. место и по 11. коло.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари