Во рамките на одбележувањето на 90-години од основањето на Музеј Д-р Никола Незлобински, денеска во 12:00 часот ќе биде поставена изложбата „Во допир со минатотот“.
Оваа изложба има за цел да го престави крајниот резултат од процесот на конзервација и неговата важност за зачувување на движниот материјал од археолошката збирка на НУ.Музеј д-р.НиколаНезлобински Струга.
Во соработка со одделот за конзервација од Завод и Музеј Охрид, НУ.Музеј д-р Никола Незлобински Струга ги реализира проектите за конзервација и реставрација на материјалот кој припаѓа на повеќе локалитети од Струшкиот регион од праисторијата до средниот век, истражени во последните децении.
Покрај предметите ќе бидат изложени и фотографии, при што публиката ќе има можност да ги види предметите пред и после конзервација како и да се запознае со нивната кратка историја од откривањето до презентирањето со чија помош имаме можност да направиме реконструкција на минатото.
Strugaonline
Facebook Коментари