УХМР: Променливо облачно, во раните претпладневни часови со услови за повремен слаб снег

- Македонија
661

soncev sneg

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта беше облачно со повремени локални врнежи од снег, претежно со слаб интензитет, особено во западните и јужните делови. Изутринава речиси на секаде врнежите се престанати, а снежната покривка од овие врнежи незначително се зголеми. Дуваше слаб до умерен, а утрово вдолж Повардарието и во источните делови и засилен ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Променливо облачно, во раните претпладневни часови со услови за повремен слаб снег, особено во југоисточните делови. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови, како и на планините повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од -2 до 3 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во петок и сабота и претежно сончево и тивко. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и на повеќе места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните за време на викендот во благ пораст.

Facebook Коментари