„Погледнете ја својата иднина!” -настан за средношколци, пријавете се на време!

- Локални
877

„Погледнете ја својата иднина!” е настан наменет за средношколци (15-18 години) кои се заинтересирани да научат повеќе за процесот на аплицирањето на универзитетите во странство, начинот на студирање и слично.

„Настанот ќе се одржи на 11.12 (вторник). Доколку сте избрани да учествувате, на вашата меил адреса ќе бидат испратени дополнителни информации поврзани со настанот.“ – информираат организаторите од LDA Struga.

Сите заинтересирани можат да се пријават ТУКА

Активноста се организира во рамки на проектот „Подобри се  – Зајакни ја својата заедница“ поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, кој се спроведува од страна здружението Локална агенција за развој – Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари