Време: Облачно со врнежи од снег

- Македонија
763

Денеска во западните делови од земјава ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во централните и источните делови облачно време со повремени врнежи од снег. Врнежите ќе престануваат во текот на ноќта и облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер што ќе предизвика пад на температурите. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 0 до 7 степени.  Утре ќе преовладува облачно и студено време со повремени врнежи од снег, особено во јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.  Дневната температура ќе се движи во интервал од 0 до 5 степени.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари