Започнува „Drim Short“ караванот

- Локални, Македонија
813

Drim Short заедно со Здружението за култура и уметност Арт-Манија, Куманово ја шири филмската енергија низ Македонија.

Како дел од манифестацијата ,,Млади Европејци” филмови од изминатите две изданија на фестивалот на краток филм Drim Short ќе бидат прикажани во Охрид и Куманово.

„Идејата за Drim Short караван произлезе од силната желба и мотивација да се интервенира во градовите и институциите кои многу ретко имаат можност да ја понудат кратката филмска форма пред публиката. Освен тоа, со селекцијата на неколку кратки остварувања на млади македонски режисери кои беа дел од изминатите изданија, ќе ја промовираме и новата филмска струја во Македонија, надвор од родното место на фестивалот.“ – велат од  дирекцијата на Drim Short

Иницијативата е поддржана од Министерство за култура на Р. Македонија.

Програма:

1.Без љубов- Дина Дума 12′
2.Мишко- Ханис Багашов 17′
3.Иднината е наша- Андреј Георгиев 13′
4.Ќе дојдат децата- Ана Јакимска 19′
5.Коливо- Андреј Волкашин 24′
6.Почеток- Агим Абдула 13′
7.Дете – Раша Петровиќ 19′
8.Награда- Лидија Мојсовска 16′
9.Заб – Ајдин Ислами 14′
10. И(с)згубени – Антонио Велјаноски 15′

Голема благодарност до Театар Куманово- НУЦК Трајко Прокопиев, за неизмерната поддршка.

Strugaonline

Facebook Коментари