Вечерва со почеток во 19.00 часот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ ( мала сала од кај службениот влез), ќе се прикажува филмот „Принцот на криминалот“ .
Приказна за Камора, одмазда и жалење: двојниот живот на Марчело Кавани, роден во обично мало семејство во близина на Неапол. По ненадејната смрт на неговиот татко, Марчело се придружува кон Камора по стапките на Џенаро, неговиот постар брат. Марчело е елегантен, страстен млад човек кој ја сака конкуренцијата. Тој се вљубува во Розарија, тврдоглава девојка, а сепак едноставна и правична. Тие се венчаат: Марчело е посветен и вљубен сопруг, беспрекорен семеен човек. Сепак, надвор од неговото семејство, неговиот друг живот како член на Камора полека, но постојано стигнува до точката без враќање. Дали дојде време да плати за сето она што нелегално го стекна?
Влезот е слободен.
Strugaonline
Facebook Коментари