Денеска градоначалникот на Струга, Г-дин Рамиc Мерко, присуствуваше на отворањето на новите простории на градинката „Пеперутка.“ На отворањето присуствуваа и претставници од Центарот за развој на Југозападниот плански регион како и директорот на Бирото за регионален развој.
Градоначалникот Мерко истакна дека денеска се реализираше заедничката инвестиција со Бирото за регионално развој, Министерството за локална самоуправа и Општина Струга, која овозможи поправка на електричната мрежа како и нови прозорци.
„Ова инвестиција е инвестиција за иднината на нашите деца.“ – велат од Општина Струга.
Извор и фото: Општина Струга
Strugaonline
Facebook Коментари