Време: Сончево со мала облачност и ветровито

- Македонија
608

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 0 до 12 степени. Утре ќе преовладува сончево време со умерена облачност, по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 5 до 10 степени.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари