Твитер во четвртокот ја додаде новата опција (explore) со цел полесно да се стига до твитовите ама и пронаоѓањето на интересни содржини.
Ова е последна во низата на иновации која компанијата ја додаде во својот сервис со цел да се подобри стилот на пренесување на пораки “од еден накај повеќето”.
Опцијата прво заживеала на “Apple” уредите и тогаш е кажано дека за некоја недела опцијата ќе биде достапна и за “Android”.
Поентата на иновацијата е да се комбинираат трендовите, моменти, пребарување и видео клипови во една точка вели дизајнерката Анџела Лам.
До денеска моравте да посетите неколку места за да ја најдете целата содржина рече Лам на една своја објава на својот блог, додавајќи дека крајната цел е корисниците полесно да дознаат што се случува. Твитер е компанија со седиште во Сан Франциско и веќе подолго време се стреми да ја прошири својата корисничка база и да го зголеми профитот.
Facebook Коментари