Н.У. Музеј „Д-р Никола Незлобински“ – Струга и во 2017 година со нови проекти

- Локални
2010

Н.У. Музеј  „Д-р Никола Незлобински“ – Струга и во 2017 година доби поддршка од Министерство за култура преку повеќе проекти кои се поддржани во годишната програма за работа на националните установи во културата.

Muzej_Dr_Nikola_Nezlobinski_--_Struga

Проектите кои се поддржани ги опфаќаат сите одделенија на музејот, внимание е посветено на заштита на музејските збирки и експонати, едукативната функција на музејот постојано ќе биде надоградувана, а се работи и на промоција на музејот  и богатото природно и културно наследство кое го содржи и претставува.

  • Осовременување на депоата (II фаза)
  • Превентивна заштита на музејските експонати и музејскиот материјал од музејски штетници
  • Конзервација на керамички материјал од археолошката збирка на Музеј „Д-р Никола Незлобински“
  • Конзервација на метални предмети од збирката на Музеј „Д-р Никола Незлобински“
  • Конзервација на етнолошки материјал од збирката на Музеј „Д-р Никола Незлобински“
  • Изработка на елаборат за ревалоризација на збирката уметнички дела од Вангел Коџоман
  • Замена на експонатите од постојаната изложба со нови на тема: Лековитетите растенија на планината Јабланица
  • Едукативна работилница – Рибите во Охридското Езеро
  • Едукативна работилница – Културно наследство од Струга и Струшко
  • Изработка на промотивен и рекламен материјал

Покрај горенаведените проекти, музејот планинира и други бројни активности со кои ќе се збогати културната понуда, работи на вмрежување на национално и меѓународно ниво од каде што ќе произлезат нови соработки и проекти, се во интерес на богатото природно и културно наследство, Струга и Република Македонија.

Facebook Коментари