Научниците открија нов фосил на масивен рептил кој можел да изеде цел плен во еден залак. Фосилот е пронајден во пределот на Трансилванија во Романија и се верува дека е стар 70 милиони години. Огромниот “Hatzegopteryx” имал доста јак врат и вилица широка околу еден метар, доволно да може да проголта мал човек или дете. “Hatzegopteryx” припаѓа на семејството птеросаурус летечки рептил од добата на Јуре. Во почетокот научниците веруваа дека ова животно се храни со бебињата од други диносауруси кои биле прилично големи.
Единствен примерок е “Hatzegopteryx” кој имал многу јак врат што го прави доста појак од останатите слични птеросауруси. Се верува дека тежел четвртина тон.
Фосилот е пронајден во делот на Романија кој некогаш бил острово Хатег во океанот Тетис.
На истото место место не живееле поголеми диносауруси.
Facebook Коментари