Лев банер Десен банер

МВР: Разбојници од струшко држеле во заложништво брачен пар од Битола

policija

СВР Битола поднесе кривична пријава против три лица од струшко Лабуништа поради основано сомнение дека извршиле кривично дело разбојништво.

Лицата М.Ш. (19), С.М. (30) и А.Ш. (24), на 4 ноември минатата година, во куќа во Битола, на ул. „8 Септември“ извршиле разбојништво врз двајца сопружници од Битола.

Пријавените одзеле 2.000 евра, златен накит и еден мобилен телефон, или направиле материјална штета од 181.000 денари.

Стружаните влеглево спалната соба во која спиеле оштетените, ги извадиле фиоките и ги однеле во дневната соба каде извршиле пребарување. Сопругот го удриле по главата, додека на неговата сопруга и се заканувале.

На пријавените им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

error: