Писателот Зоран Пејкоски ја прими наградата за најдобра поема на Прличевите беседи

- Локални
925

Вчера со пригодна свеченост на која на писателот Зоран Пејкоски му беше врачена наградата за најдобра поема за 2016 година, продолжија годинашните „Прличеви беседи“.

прличеви-3-768x512

Претседателот на жирито Трајче Кацаров, претставувајќи ја наградената поема „Македонски стар и нов завет“, истакна дека поемата „има индикативен и мошне обврзувачки наслов, да се најде парабола со она што претставуваат митовите, легендите и приказните во стариот и новиот завет“.

прличеви-8-768x512

„Авторот се одважил да ја доближи македонската историја до сите легенди и приказни, до она што како непобитна вистина ја носи во себе Библијата. Тоа е она што и авторот го нагонува на одмерена прецизна и строга реч, тоа истото го тера читателот со особена почит да приоѓа кон делото“, рече Кацаров.

прличеви-4-768x512

Лауреатот Зоран Пејкоски заблагодарувајќи се на наградата, истакна дека е особено горд што престижната награда ја добива на 65 годишнината од нејзиното востановување.

прличеви-11-768x512

„Да се добие Прличевата награда е голем предизвик за сите писатели, затоа што не попусто таа го носи името на македонскиот Хомер, Григор Прличев, поетот што македонската поема ја издигна на едно европско и светско ниво. Јас никогаш не сум имал намера да пишувам поема, затоа што сметав дека никој од нас писателите не сме биле достојни на тоа духовно ниво како Прличев во своето време. Но, ете и тоа се случи благодарние на Прличев во оној момент кога се зафатив да го проучувам и да ја пишувам драмата „Совршенство или смрт“ посветено нему, бидејќи догодина се навршуваат 125 години од неговата смрт“, рече во своето обраѓање Пејковски.

Во име на Општина Охрид пред присутниот аудиториум се обрати заменик градоначалникот Ангел Јанев, кој честитајќи му ја наградата на поетот Пејкоски, му посака многу енергија и креативна инспирација во создавањето на нови литературни творби.

прличеви-7-768x512

„Прличевите беседи“ не се само чествување на книжевното дело на овенчаниот со Лаворов венец, поетот Григор Прличев, туку и потсетување дека Григор Прличев е нашиот учител, преродбеник, заштитник на обесправените, сиромашните, гладните. Најверен продолжувач на Свети Клименотвото дело и чувар на духовното богатство на нашиот народ. Та затоа, наградата за најдобра поема во чест на Григор Прличев, покрај тоа што ги истакнува високите уметнички квалитети со кои се збогатува современата македонска книжевност, покажува дека овој народ секогаш ќе има креативци и творци кои ќе знаат да го чуваат и негуваат нашиот културен код, како значаен дел на светската културна и духовна ризница“, изнесе Јанев.

прличеви-5-768x512

Наградата за најдобра поема за 2016 година, на лауреатот му ја врачи директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“, Горан Стојаноски.

прличеви-10-768x512

Свеченоста беше збогатена со читање на стихови од наградената поема во изведба на актерите Јасмина Билаловиќ и Павел Маслов.

прличеви-9-768x512

Круна на денешната свеченост беше драмската адаптација на поемата „Дениција“ на великанот Петре М. Андреевски, со извонредна актерска игра на Рубенс Муратовски и Димитрина Мицкоска и балетски перфоманс на Саша Ефтимова.

Извор: ОХРИД 24

Facebook Коментари