Final Four во женска кошарка викендов во Струга

- Локални, Спорт
1030

На 1-ви и 2-ри јуни во спортската сала „Нико Нестор“ во Струга ќе се одигра „фајнл-фор“ во кошарка, женска кокуренција, во категорија М-18.

Во сабота со почеток од 13:30 часот се игра првото полуфинале помеѓу ЖКК „Бадел“ и ЖКК Баскет КАМ. Во второто полуфинале со почеток од 16:00 часот се сретнуваат екипита на ЖКК „Струга 2009“ и КБ „Шкупи“.

Во недела, (2-ри јуни) во 12:30 часот ќе се игра натпреварот за трето место, а големото финале и борбата за прво место ќе започне во 15:00 часот.

Свеченото доделување на медали и пехари за најдобрите е закажано за 17:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари