Во хотелски подрум во Лондон пронајдени се загубени траки на Боб Марли

- Музика
1002

19594

Тринаесет траки во картонски кутии биле пронајдени во подрум на хотелот Kensal Rise, во кој Марли одседнал во текот на европската турнеја во средината на седумдесетите години од минатиот век.

Лентите, познати како „изгубени мастери“ (lost masters) се тешко оштетени, но звукот е вратен со помош на новите аудио-техники.

На нив има оригинални снимки од негови концерти во Лондон и Париз во периодот 1974-1978 година, со некои од најпознатите песни како на пример „No Woman No Cry”, „Jammin”, „Exodus”, и „I Shot the Sheriff”. Траките ги спасил лондонскиот бизнисмен и љубител на музиката на Марли, Џо Гат.

„Мој пријател работеше на исфрлање стари работи од хотелот и пронајде ленти од 1970 година. Го замолив да не ги фрла,“ рече Гат кој подоцна истите ги проследил до џез пејачот Луис Ховер.

Лентите потоа биле предадени на репарација на специјалистот за звук Мартин Николс.

„Беа во многу лоша состојба, но поминав часови во чистење и конечниот резултат ме изненади. Сега се во дигитален формат и многу се квалитетни. Тоа е доказ дека оригиналите биле од висок квалитет,“ рече Николс.

Од пронјадените 13 траки, десет се обновени, две се празни, а една е неповратно оштетена.

Facebook Коментари