Лев банер Десен банер

Регионалниот хит на Ај Кју доби македонска верзија

22

Групата “Ај Кју“ ја промовираа македонската верзија на регионалниот хит “Најбоља”, овој пат насловена “Најдобар”. Откако српската верзија постигна регионален успех во изминатите неколку месеци, и беше една од највртените песни на музичкиот канал MTV, Ај Кју одлучија да ја започнат 2017-та токму со оваа верзија.

Видеото и овој пат е во реализација на Горила Филмс, како автори на музиката и текстот се потпушуваат Бојан Трајковски и Кристина Арнаудова, додека музички продуцент е Дарко Димитров.

“Најдобар” ќе се најде на третиот студиски албум на Ај Кју кој е најавен за оваа пролет.

error: