Австриец предаде во полиција околу 270.000 евра најдени во новиот стан

- Занимливо, Свет
791

Жител на австрискиот град Грац нашол во својот нов дом близу 270 илјади евра и веднаш за тоа ја известил полицијата, пишува весникот Kronen Zeitung.

Овој неименуван 42-годишник неодамна се преселил во новоизнајмен стан и при расчистување на подрумската просторија во картонска кутија пронашол шест пакети со банкноти од по 500 евра, или вкупно 269.500 евра.

Совесниот граѓанин, како што соопштува полицијата, без двоумење ги пријавил парите, сомневајќи се дека можеби потекнуваат од криминални дела. Притоа дал изјава дека нема никакви сознанија или е поврзан со потеклото на оваа сума

Од градската полиција за весникот го потврдиле настанот, кој според сé судејќи бил пријавен на почетокот од јануари, но имајќи предвид на тековната истрага и оперативните мерки кои ги преземеле, не сакале да даваат повеќе поединости за случајот.

Весникот наведува дека бидејќи не е познат случај на грабеж или повеќе такви случаи со поголеми суми пари, дека сега откриените евра можеби потекнуваат од случај на економски криминал.

Facebook Коментари