Тамара Ангеловска ја отпеа „Тајно моја“ од Тоше сред емисија во Албанија

- Македонија, Музика
1854

Македонската талентирана пејачка која пред речиси два месеци ја промовираше својата втора песна со видеозапис насловена како „Не можам без тебе“ при интервју за албанската Тв Клан отпеа рефрен од баладата „Тајно моја“ од Тоше Проески и предизвика бура од емоции во студиото.

На последното интервју во емисија на албанската телевизија Клан на барање на домаќинот да отпее некоја песна која ја тера да плаче, Тамара без многу двоумење се одлучи да го отпее рефренот од „Тајно моја“ на Тоше Проески. Покрај видео-каверот за моќната преработка на „Сус“ од Рона Нишлиу, пејачката ја промовираше и својата втора македонска песна пред албанскиот аудиториум.

Ангеловска по јавната пофалба за моќната изведба на „Сус“ од Рона Нишлиу почна да добива голем број на повици за гостување во емисии и интервјуа за највлијателните медиуми во соседна Албанија.

Видео од делот каде што ја пее „Тајно моја“:

Facebook Коментари