ЛШ: Двојно признание за Штербик, Дибиров најдобро крило

- Спорт
816

Клучната улога во триумфот на Вардар над Пик Сегед во Унгарија му донесе двојно признание на Арпад Штербик од ЕХФ. Чуварот на мрежата прогласен е за најдобар голман во 11-та рунда од Лигата на Шампиони, а една негова одбрана од вкупно 14-те е избрана меѓу најдобрите пет.

Да не биде осамен Штербик во идеалното друштво се погрижи Тимур Дибиров кој имаше речиси перфектен учинок. Русинот ја зазеде левата крилна позиција во идеалниот тим на колото.

Најдобрите пет одбрани во ова коло ги најавија Борко Ристовски кој активно учествуваше во победата на Барселона против Кадетен Шафхаузен.

Најдобрите одбрани:

Најдобрите голови:

Идеалниот тим:

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)

Лев бек: Борут Мацковчек (Целје)

Среден бек: Мате Лекаи (Веспрем)

Десен бек: Абел Лагергрен (Кристијанштад)

Десно крило: Патрик Грецки (Рајн Некар)

Пикер: Јеспер Нилсен (ПСЖ)

Голман: Арпад Штербик (Вардар).

Facebook Коментари