УХМР: Времето денес променливо облачно со сончеви периоди

- Македонија
590

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно со слаб ветер со променлив правец. Во Дебарската котлина имаше појава на магла.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Променливо облачно со сончеви периоди, кон средината на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб а на повисоките места и на планините умерен ветер претежно од јужен правец. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 10 до 18 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До петок времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура, по одделни котлини ќе има појава на слаба магла.

В петок кон крајот на денот и в сабота се очекува преку нашево подрачје да помине краток и релативно влажен бран. Ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, на планините во северозападниот  дел од  земјава ќе има врнежи од снег.

Температурата ќе опадне за неколку степени, а потоа се очекува повторно стабилизирање и затоплување на временската состојба кај нас.

Извор: УХМР

Facebook Коментари