УХМР: Времето денес сончево и топло

- Македонија
664

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Ведро со мала до умерена локална облачност. Дува слаб ветер од западен и северозападен правец.

ВРЕМЕТО  ДЕНЕС

Сончево и топло со мала облачност и со слаб јужен  ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

И утре ќе се задржи стабилно и топло време со услови за слаба утринска магла по одделни котлини.. Во текот на ноќта кон сабота и во сабота преку нашето подрачје ќе помине влажен бран. кој  ќе услови зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на  повисоките планини од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните и северните делови. Дневната температура значително ќе опадне во споредба со денешната, особено во недела, кога ќе биде во интервал од 6 до 11 степени.

Facebook Коментари