Земјата со најбрз мобилен интернет во светот е Јужна Кореја. Ова го покажаа последните анализи на податоците на „Open Signal“. Брзината на мобилниот интернет во Јужна Кореја 37,5 мегабити во секунда и е за „влакно“ подобар од мобилниот интернет кој го добиваат корисниците во Норвешка или Унгарија.
Во Норвешка брзината на мобилниот интернет е 34.8 мегабити, додека во Унгарија – 31 мегабити во секунда. „Open Signal“ пресметале податоци за 87 држави, а во нив има место и за Македонија.
Во нашата земја, просечната брзина на мобилниот интернет е 13 мегабити во секунда. Тоа ја рангира нашата земја на солидното 34. место, ако погледнете дека зад нас се држави како САД, Србија, Португалија, Ирска, Полска, Израел… Просечната брзина за 4G врска е 17,4 mbps, што значи дека во трите првопласирани земји брзината е речиси двапати подобра.
Facebook Коментари