Семки од тиква – чудесен природен лек

- Здравје, Останати
2637

Семките од тиква се користат во медицински цели илјадници години. Одличен избор за грицкање поради богатството со омега-3 масни киселини. 

Семките од тиква се богат извор на: калциум, калиум, магнезиум, железо, цинк и витамин К. Откријте ги и останатите благодети од нив:

Успешно се борат против ракот – Шпанско истражување покажало дека семките од тиква содржат соединенија кои успешно се борат против канцерогените клетки. Имено, ефикасни се во борбата против разни видови рак и имаат анти-воспалително дејство. Германско истражување покажало дека жените кои поминале низ менопауза и секојдневно јадат семки, имаат за 23% помал ризик од настанок на рак на дојка. Подеднакво делотворни се и семките од сончогледот.

Го подобруваат здравјето на простатата – Маслото од семки од тиква се користи за лечење на зголемена простата (хиперлазија). Маслото содржи фитохемикалии и антиоксиданси кои го намалуваат нивото на слободни радикали во телото и спречуваат настанок на канцерогени клетки.

Ги ублажуваат симптомите од менопаузата – Ако барате природен начин да го подобрите расположението или да ги ублажите симптомите на менопаузата, семките од тиква се одличен избор. Ги регулираат топлотните напади, главоболките, болките во зглобовите и наглите промени на расположението. Научниците докажале дека семките од тиква го зголемуваат нивото на добриот (HDL) холестерол и го регулираат крвниот притисок.

Го намалуваат холестеролот – Истражувањата покажале дека семките од тиква можат да го намалат лошиот холестерол за 13%, а нивото на вкупниот холестерол за 10%. Исто така, ќе го намалат ризикот од згрутчувања, кардиоваскуларни болести, мозочен и срцев удар.

Превенираат дијабетес – Семките од тиква поради богатството со незаситени и здрави масни киселини се ефикасни и го регулираат нивото на шеќер во крв, зголемувајќи ја чувствителноста на инсулин. Бројни експерти препорачуваат дијабетичарите да конзумираат семки од тиква како секојдневна намирница.

Добри се за слабеење и го подобруваат расположението – Богат извор на влакна и протеини, материи клучни за губиток на килограми. Само 30гр. семки од тиква има 5гр. протеини, што ќе ве држи сити. Сепак, бидете умерени, шолја семки содржи околу 285 калории. Одлични се за физичкото но и психичкото здравје. Научниците заклучиле дека го намалуваат нивото на стрес и анксиозност. Едно истражување дури заклучило дека ја зголемуваат сексуалната желба.

Го олеснуваат артритисот – Семките од тиква, поради нивното противвоспалително дејство, ги ублажуваат симптомите од артритис. Ако страдате од артритис, секој ден јадете околу 30гр. семки од тиква.

Спречуваат појава на остеопороза – Луѓето кои имаат недостаток од цинк, треба да почнат да конзумираат семки од тиква, кои, притоа се одличен извор на цинк. Цинкот е минерал потребен во коските. Само 1/4 шолја семки содржи дури 17% од препорачаната дневна вредност на цинк.

Facebook Коментари