Од 11-ти до 13-ти април годинава во Струга, професионални фотографи од неколку земји од светот ќе учествуваат на Првиот Меѓународен самит за фотографи и видеографи, во кој ќе има учесници од Полска, Тајван, Франција, Русија, Португалија и домаќинот – Македонија. Самитот е во организација на професионалното студио за фотографија „Angelovski Photography“ од Скопје.
На семинарот главна тема на обработка ќе биде отворената дискусија за паралелата меѓу уметничката фотографија и колку преку оваа дејност може да се основа сопствен бизнис. Учесниците ќе можат да научат нови техники и нови начини на пристап при фотографија. Ќе има и промоција на нови производи од фотографијата, видеографијата и дигиталните медиуми.
Предавачи ќе бидат познати имиња од светот на фотографијата, Грег Момен – Полска, Хуанг Сусу – Тајван, Дејвид Брено – Франција, Дмитри Усанин – Русија, Серџо Дуарте – Португалија, од Македонија ќе предаваат Роберт Атанасовски, Бојан Митковски и Томислав Георгиев.
Facebook Коментари