Вардар со три победи во низа во лигата на шампионите

Вардар со три победи во низа во лигата на шампионите и се врати на лидерското место во Б групата, откако во 12-то коло во Скопје го победи Целје со 35-30.
Вардар се наоѓаат на два чекори до заверка на директен пласман во четврт-финалето на ЛШ, и сега им требаат само три бода од следните два натпревари за остварување на најголемиот успех, директен пласман во Топ-8 фазата.
Ова беше 40-та победа за Вардар во ЛШ, деветта сезонава и четврти триумф против словенечкиот тим сезонава, втор во елитното европско натпреварување. Сега Вардар е на првото место во групата со 18 бода, еден повеќе од Рајн Некар.
Во следното коло Вардар на 4 март гостува кај Мешков во Белорусија, во претпоследниот меч до групата.

