„Елементал“ повторно во Скопје

- Забава
590

После одличните концерти во Загреб и Белград, третиот град во кој „Елементал“ ќе настапат со нивното шоу „Денот Е“ е Скопје. Поводот е исклучително значаен, а тоа е десет годишен јубилеј од нивниот прв настап во Скопје. После сите успешни клупски концерти изминативе 10 години, за првпат пред своите фанови ќе настапат на голем концерт во „Вип Арена Борис Трајковски“.

19 години од нивното постоење, 10 години во Скопје – рима, ритам и музика со Елементал.

Настанот ќе се одржи сабота на 18-ти март во ВИП Арената (мала сала) С.Ц. Борис Трајковски со почеток во 20:30 часот.

Facebook Коментари