СУПЕРХИКС со нов албум

- Музика
1048

СУПЕРХИКС го објавува својот нов албум насловен UNDERGROUND EVERGREENS кој групата официјално ќе го претстави утре (петок, 3-ти март 2017). Промоцијата е отворена за сите фанови на Суперхикс, а ќе се одржи во просториите на музичката продавница Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат) со почеток во 13:00 часот.

Албумот е сниман, миксуван и мастериран од страна на Мите Димовски, Тра Ла Ла Студио – Скопје, а еден мал дел е сниман и во студиото на Ивица Јанкуловски. Дел од композициите се реализирани и со гостите на Суперхикс за ова студиско издание, меѓу кои сретнуваме имиња како Канџија и Токсара од Хрватска, но и македонските музичари Киклоп и Александар Конга.

Покрај објавувањето на ЦД форматот кој излегува овој петок, Суперхикс најавуваат дека за овој албум наскоро ќе биде изработен и винил.

Новото студиско остварување на Суперхикс не случајно ќе биде промовирано токму на 3-ти март. Имено, на 3-ти март далечната 1994-та година бендот го имаше својот прв настап, па ова е практично и одбележување на 23 години од постоењето на Суперхикс.

Facebook Коментари