На 15-ти мај 2017 за прв пат во Македонија, доаѓа британската мега популарна виолинистка Ванеса Меј, каде ќе се претстави пред публиката во Вип Арена Борис Трајковски во Скопје.
Годинава тоа ќе биде нејзин единствен концерт во регионот. Концертот е во организација на Прагма Продукција, а е поддржан од Министерство за Култура на Република Македонија и Македонската Филхармонија.
Атрактивната и популарна виолинистка некогаш била нарекувана како „Чудо од дете“, а сега е една од најпознатите виолинистки на сите времиња. Позната е по спојот на техно и класичниот стил во своите изведби. Уште на свои 16 години ги поместува музичките граници кога го објавува албумот „Violin Player“ формирајќи необичен микс на џез, поп и техно звук, но се издвојува и по нејзините сценски настапи и необичен изглед. Албумот веднаш по објавувањето се нашол на Топ листите во над 20 земји од светот.
Facebook Коментари