Денеска е последниот рок кога Собранието треба да ги распише локалните избори. Во ситуација кога сѐ уште не е избран претседател на Парламентот, тоа значи дека за да се испочитува рокот, денеска би требало да продолжи конститутивната седница, да се избере претседател и тој да ги распише локалните избори за градоначалници и советници кои треба да се одржат во првата половина на мај.
Според Изборниот законик, од денот на распишувањето до денот на одржувањето на изборите не може да поминат повеќе од 90 дена, ниту помалку од 70 дена. Право да распише избори има само претседателот на Собранието, кој е изгласан од најмалку 61 пратеник од актуелниот парламентарен состав.
На 30-ти декември се одржа конститутивната седница на новиот собраниски состав, на која само се верификуваа мандатите на пратениците, но не се избра и претседател на Собранието.
Според членот 16 од Изборниот законик, изборите за членови на совет и за градоначалник се одржуваат секоја четврта година истовремено во сите општини, во првата половина на месец мај.
Facebook Коментари