Да му помогнеме на Никола од Враништа

- Локални
3037

Екипата на StrugaOnline не остана рамнодушна на фејсбук статусот на Никола Чорбески од Охрид, во кој повикува кој колку може да помогне на фамилјата на нашиот сограѓанин Никола од с. Враништа.

Статусот ви го презентираме во целост, а вие, кој колку сакате и можете…. ПОМОГНЕТЕ

ВЕ МОЛАМ ЗА ВНИМАНИЕ!!

Драги мои роднини, пријатели, познаници и непознаници.
Денес на работа дојде едно момче. Со име како мене. Никола. Момче стројно и високо. На 17 години. Од Враништа, струшко. Момче кое што единствена грижа која на овие години би требало да ја има е каде да излезе на кафе, каде сака да го продолжи своето образование и да сонува за тоа што сака да биде кога ќе стане возрасен човек. Да биде безгрижен и среќен. Спокоен.

Меѓутоа, животот не би бил живот ако на некому нешто му даде, а некому нешто му зеде. За жал, Никола е од оваа втората страна. Ни крив ни должен. Не по своја желба.
Никола е сирак, без татко. И е столб во својата куќа. Работи работа за прескомни примања, кои што не стигнуваат за еден човек, а камоли за повеќе.
Никола не е сам. Има мајка, брат и сестра близнаци на 15 години, и помала сестра на 13 години. Живее во куќа во која што нема греење, струјата е исклучена, а и водата е само прашање на време до кога ќе биде уклучена.
Иако е на далеку под маргините на нормално човечко егзистирање, Никола е свесен за проблематиката, и иако пари му се преку потребни, знае дека не може да ги добие туку така. Меѓутоа замоли за нешто.

Бара облека и храна.

Искрено верувам дека по ова прашање може лесно да се помогне. Сите ние имаме стара облека, облека која веќе не ја носиме и зафаќа простор по дома.
Машка горна облека броеви L и XL, долна облека броеви 32, 34
Женска горна облека броеви XS,S и M, долна облека броеви 26, 28, 30.

Секаков вид на храна која што може да стои подолго, конзервирана, зимница, тестенини е добредојдена. Па и доколку е во можност некој и финансиски да помогне, познава некој таков или слично, секаква помош, до последен денар е повеќе од прифатлива.

Доколку сте во можност да допринесете со било каква горенаведена помош, Ве молам да се обратите во Кафе – бар Шила. Сите вработени и менаџментот на локалот се запознаени со проблематиката, имаме и директни контакти со фамилијата и се ќе биде трансферирано до нив во најбрз можен рок.

Не можеме да помогнеме секому, ама барем можеме на оние кои побарале помош, и таа помош им е преку потребна.

Ве молам да го споделите овој пост, се со цел да допре до повеќе луѓе кои сакаат да помогнат.
Бидејки доброто со добрина се враќа.

Facebook Коментари