Вредните раце на струшката жена во чест на на 8 март

По повод „Меѓународниот празник на жената“ во општина Струга се одржа манифестацијата „Вредните раце на струшката жена“.
Присутните на манифестацијата имаа можност да бидат сведоци на уникатните кулинарски специјалитети и прекрасни изработки на вредните раце на струшките жени.
Струшката жена знае да подготви уникатна храна, а во голема мерка и природата се погрижила за тоа. Езерото пак, со својата близина, ги оспособила да подготвуваат прекрасни јадења од риба посебно јагула на струшки начин.
Тука се познатите струшки јаболка,од кои можат да се подготват многу специјалитети, колачи, торти, сокови и што уште не, костените, оревите и др.
Секако, традицијата од колено на колено оставила специфики, препознатливи само за овој регион, кои љубоморно се чувале и пренесувале од баба на мајка, од мајка на ќерка. На сите жени кои годинава дадоа свој придонес за оваа манифестација им беа доделени благодарници од страна на организаторот.
автор: Стојан Кукунешоски
Извор: Спектра

