Ракитиќ го продолжи договорот со Барселона

- Спорт
905

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ го продолжил договорот со Барселона до јуни 2021 година.

Повеќемесечните преговори помеѓу Барселона и Ракитиќ завршија успешно откако играчот од средниот ред ги прифатил условите и го продолжил договорот до 2021 година.

Управата на Барса не ги објавила финансиските детали од договорот, но во него била вметната откупна клаузула од 125 милиони евра.Ракитиќ оваа сезона најчесто е резерва кај Луис Енрике, поради што се шпекулираше дека тој ќе го напушти клубот, но Барселона успеа да го задржи во своите редови.

Хравтскиот репрезентативец на „Ноу Камп“ пристигна од Севилја во 2014 година, има одиграно 145 натпревари и постигнато 23 голови.

Facebook Коментари